Feed on
Posts
comments

Да можеше стариот јавор

да ги пишува сите приказни

под неговата закрила и дебела сенка,

ќе имаше романи и романи

раскажаи на бели страници…

Приказни и погледи,

среќа на лицата,

мирис на вкусови помешани

со староградската идила…

Стутулено катче за одмор,

за патепис,

за средба,

за прв и единствен поглед

во средината на

изолираниот мир

и тивкото шумолење на ветрето…

Да можеше стариот јавор

да ги пишува сите приказни …

… една од нив ќе беше Нашата …

… нашиот мал миг вечност

во низата многу вечности …

… уживање …

… доживување …

Не заспивам…

Јас повторно не спијам
не заспивам ниту во твојот сон,
а те будам од него
на заминување,
во зора зазорена,
и со шкорче запалено сонце,
во мугра осветлена…
Јас повторно не спијам,
те дочекувам,
те облекувам
во зраци сончеви,
со милост погалени,
на твоите пори,
и сонливи воздишки…
Јас повторно не спијам,
не заспивам ,
ниту во сопствената постела
ниту во чаршафите згужвани
не заспивам,
те чувам…
во мислите,
во мирисите,
во воздишките
кои траат…

Јас повторно не спијам,

не заспивам ниту во твојот сон,

а те будам од него

на заминување,

во зора зазорена,

и со шкорче запалено сонце,

во мугра осветлена…

Јас повторно не спијам,

те дочекувам,

те облекувам

во зраци сончеви,

со милост погалени,

на твоите пори,

и сонливи воздишки…

Јас повторно не спијам,

не заспивам ,

ниту во сопствената постела

ниту во чаршафите згужвани

не заспивам,

те чувам…

во мислите,

во мирисите,

во воздишките

кои траат…

.
YouTube Preview Image

:)

YouTube Preview Image

Дното…

Пребарај го дното

тука има

се` и сешто

сечие и ничие

нешто,

делче,

паднато,

заборавено,

изгубено и

ненајдено

минато

сегашност

небиднина

***

Пребарај го дното,

тоа крие тајни

и стари вистини

по некој човек

заборавен

изумен

со подадена рака

дух на нечие

постоење,

некогашно

сегашно

само привидение

***

Но крие мудрост

крие можност

крие идеа

ова дно

каде што

сечието и ничие

може да стане твое

новосоздадено

издигнато

од пепелта како феникс

создание

како птица со ранети крила

но со голема желба

уште поголема упорност

***

Пребарај го дното…

Тоа нуди безброј вивнувања

самувања

паѓања

и кревања…

Од ништото создади нешто,

гордеј се со себе…

…зашто…

На дното си сам на себе,

сите создавања

имаат твој личен печат

жиг

рана

но и насмевка

за успех…

Успеј!

Тежи…

Ќе го чекам утрото
да ја убие ноќта,
тежи…
тешка е оваа ноќ,
а и денот што ја донесе…
Нека помине…
А кога нешто чекаш да си замине
толку нетрпеливо,
нетрпеливо и ужасно
многу се задржува
на тоа константно место,
како заробеник на времето,
како стотинка во секундата,
како вечност во просторот без време
како темен облак над сончево небо…
И само собира капки …
собира, собира, собира,
додека не препукне и излие…

Older Posts »